„Ferrari“ во 2014-та покажа дека нивните класични автомобили достигнуваат највисока цена на аукциите на кои се собираат богатите колекционери на олдтајмери. Дури 9 од 10-те најскапите модели кои ги променија сопствениците во оваа година, го имаат знакчето со „црното коњче“.
Дека трговијата со класични автомобили е се попрофитабилен бизнис покажува податокот дека вредноста на најважниот пазар на олдтајмери, американскиот, пораснал за 1.2 милијарди долари во 2013-та, на 1.3 милијарди во 2014-та година.
Доминираше „Ferrari“ заземајќи ги првите 9 места, додека на десетото место се наоѓа еден „Ford“.
Погледнете ја листата на 10-те најскапи автомобили на годинешните аукции:
1. Ferrari 250 GTO од 1962-ра (продаден за 38.1 милиони долари)
2. Ferrari 275 GTB/C Speciale од 1964-та (26.4 милиони долари)
3. Ferrari 375-Plus Spider Competizione од 1954-та (18.4 милиони долари)
4. Ferrari 250 GT SWB California Spider од 1961-ва (15.2 милиони долари)
5. Ferrari 250 LM од 1964-та (11.5 милиони долари)
6. Ferrari GTB/4 од 1967-ма (10.2 милиони долари)
7. Ferrari 250 GT LWB California Spyder од 1958-та (8.8 милиони долари)
8. Ferrari 275 GTB/C од 1966-та (7.9 милиони долари)
9. Ferrari 250 Mille Miglia Berlinetta од 1953-та (7.9 милиони долари)
10. Ford GT40 од 1964-та (7 милиони долари)