27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија попушта, ги намалува даноците

Јапонија попушта, ги намалува даноците

japanpeopleon

Јапонската владеачка коалиција одлучи да ги намали корпоративните даноци, кои се меѓу највисоките во светот.

Премиерот Шинзо Абе се обидува да го поттикне растот на третата по големина светска економија.

Либералната демократска партија на чело со Абе и нејзиниот коалиционен партнер Комеито усвоија нова даночна стапка која ќе стапи на сила во фискалната година која почнува во април 2015 година, откако во јануари ќе биде одобрена од Владата, пренесува агенцијата Франс прес.

Кога новите прописи ќе стапат на сила, корпоративниот данок во Јапонија ќе биде намален од 34,62 на 31,33 проценти во период од две години. Моменталната стапка на данок во Јапонија е пониска отколку во САД, но и поголема во однос на повеќето големи економии.

Двегодишната битка на официјален Токио да направи пресврт со долготрајната дефлација и слабиот економски раст донесе плодови, но растот на данокот на промет во април, воведен поради намалување на огромниот јавен долг, ја запре економијата и ја однесе во рецесија во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП