21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCompal ги оствари посакуваните резултати

Compal ги оствари посакуваните резултати

compal 354

Tајванскиот производител на преносни компјутери и паметни телефони, „Compal Electronics“, до крајот на оваа година би требало да испорача 20 милиони паметни телефони, со што ќе ги реализира своите годишни планови.

Во компанијата очекуваат дека оваа бројка во текот на 2015-та би требало двојно да се зголеми. Благодарејќи на зголемените нарачки на „ODM“ партнерите, бројот на испорачани уреди би требало да порасне на 40 милиони примероци.

Најголемите „ODM“ клиенти на „Compal“ се „Microsoft“, „Lenovo“, „HTC“, „Sony“ и „Acer“.

Сонародниците од „HTC“ дури во оваа година започнаа добра соработка со „Compal“, па имаат во план да ја оддржат и во текот на идната година.

Компанијата „Lenovo“ би требала да ги зголеми своите нарачки од „Compal“, затоа што во 2015-та сакаат да испорачаат 100 милиони паметни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП