26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште само осум примероци на Bugatti Veyron чекаат да бидат продадени

Уште само осум примероци на Bugatti Veyron чекаат да бидат продадени

bugi 3

„Bugatti“ најави дека ќе се фокусира на наследникот на „Veyron“ кога и последниот примерок на актуелниот модел ќе биде продаден. Поради тоа што во понудата се уште само 8 возила, можеме да очекуваме дека тоа ќе се случи веќе во првите неколку месеци од 2015-та.

Иако 2005-та беше годината кога се појави врвот на автомобилската технологија, „Bugatti Veyron“ не беше толку баран како некој современ супер-спортски автомобил, како на пример „LaFerrari“.

Додека „Ferrari“ планираниот контигент од 499 примероци на „LaFerrari“ го распродаде за помалку од една година, „Bugatti“ ни по скоро цела деценија не успеа да ги вдоми сите 450 примероци на „Veyron“, колку што изнесува предвидената продукција на овој модел.

Преостанатите 8 автомобили се кабриолет верзија, со оглед дека „Bugatti“ дo 2011-та ги распродаде сите 300 купе возила од моделот „Veyron“.

Претседателот на „Bugatti“, Фолфганг Дирхајмер, изјави дека по напуштањето на фабриката на последниот примерок, ќе стартува подготовката на погонот за производство на наследникот, но не соопшти повеќе детали за тој модел.

Во медиумите се појавија шпекулации дека новиот „Veyron“ ќе се нарекува „Chiron“, но од „Bugatti“ за тоа нема официјална потврда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП