17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно намален обемот на кредитирање во приватниот сектор на еврозоната

Повторно намален обемот на кредитирање во приватниот сектор на еврозоната

evropopop

Кредитите во приватниот сектор на еврозоната, кои се сметаат за индикатор на економското здравје, намалени се во ноември на годишно ниво.

Падот сепак бил нешто побавен во однос на октомври, соопшти Европската централна банка.

Обемот на кредити одобрени на приватните компании и домаќинствата во еврозоната е намален минатиот месец за 0,9 проценти поени во однос на истиот месец минатата година, нешто помалку во однос на октомврискиот пад од 1,1 проценти, наведува ЕЦБ, пренеусва агенцијата Франс прес.

Долготрајната и длабока финансиска криза во 18 земји кои како валута го користат еврото го намали кредитирањето и со тоа ја забави економската активност.

Вкупниот обем на пари во оптек во еврозоната, кои ЕЦБ ги смета за индикатор за идната инфлација, порасна во ноември за 3,1 проценти на годишно ниво, во однос на растот од 2,5 проценти од октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП