23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолжницата останува на доброволна основа

Задолжницата останува на доброволна основа

presmetki-presmetki-zadolznica

Владата донесе одлука за укинување на задолжителната задолжница. Законското решение со кое задолжницата стануваше задолжителна е на дневен ред на денешната собраниска седница, а најновата одлука ќе се спроведе со предлагање амандман на Предлог­законот за изменување и дополнување на Законот за задолжница.

Владата постапи по барање на бизнис заедницата која побара задолжницата, како и досега, да остане на доброволна основа.

Законот за задолжница е донесен во 2012 година и со него се пропиша издавање на инструмент за обезбедување на побарувањата, со цел да се подобри ликвидноста во стопанството и да се обезбеди сигурна и побрза наплата на паричните побарувања во деловните односи. Издавањето на задолжницата беше пропишано на доброволна основа.

Донесувањето на Законот беше поддржано од бизнис заедницата како механизам за подобрување на наплатата и ликвидноста во стопанството.

Со измените на Законот во 2014 година се предлагаше задолжително издавање на задолжница во должничко доверителските односи со кои се создаваат обврски над 300.000 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП