7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија повторно ќе и испраќа гас на Украина

Унгарија повторно ќе и испраќа гас на Украина

kiev gas rusia

Унгарија има намера да ги обнови реверзибилните испораки на гас за Украина од јануари 2015 година, соопштија од системот за транспорт на гас во Унгарија „FGSZ“.

Како што претходно објави Тасс, во септември унгарскиот оператор „FGSZ“ на неопределно време ги запре испораките на гас во Украина поради растот на внатрешната потрошувачка. Во украинскиот „Нафтогас“ тогашниот прекин на испораките на гас од Унгарија го нарекоа „неочекуван“.

Во март 2013 година Украина и Унгарија се договорија за испораки на гас на украинскиот пазар во обем од пет до шест милијарди кубни метри гас годишно. Притоа, договорено е дека работата на системот е можна само со прекини во зависност од тековните комерцијални и технички услови.

Максималната вкупна техничка можност за прием на гас од територијата на Унгарија преку пунктот за мерење на дистрибутивниот гас „Берегдорац“ изнесува до 16 милиони кубни метри дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП