6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗагубите на Русија во случај да се намали рејтингот ќе изнесуваат од...

Загубите на Русија во случај да се намали рејтингот ќе изнесуваат од 20-30 милијарди долари

Standard

Загубите на Русија, во случај агенцијата „Standard & Poor’s – S&P“ да го намали инвестицискиот рејтинг на земјата, можат да достигнат од 20-30 милијарди долари, изјави рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукајев.

Претходно „S&P“ најави дека го ставил на разгледување суверениот рејтинг на Русија поради можно намалување, поради големото колебање на рубљата и слабеењето на економијата.

Станува збор за рејтингот за долгорочните обврски на Русија во странски валути, утврден на нивото „ВВВ-“ и во националната валута на нивото „ВВВ“. Агенцијата наведе дека рускиот рејтинг повторно ќе го разгледа на средината на јануари и дека постојат 50 проценти шанси тој да биде намален во наредните 90 дена.

Уљукајев укажа дека пред Централната банка остро да ја зголеми референтната каматна стапка во ноќта на 16. декември, финансискиот пазар во Русија бил на чекор од банкарската криза, пренесува ТАСС.

Според неговото мислење, мерката за зголемување на клучната стапка за 6,5 проценти на 17 проценти, била неопходна за обезбедување на финансиска стабилност, а не поради контролирање на инфлацијата.

„Тоа беше мерка за обезбедување на финансиска стабилност, бидејќи можниот масовен одзив на инвеститорите на банката, поради конверзија на средствата во готовина и некои други материјални обливи, би можел да биде апсолутно поразителен за банкарскиот систем. Бевме на чекор од банкарската криза“, изјави Уљукајев.

Тој, исто така, нагласи дека во наредните месеци владата „мора да создаде услови кои би и помогнале на Банката на Русија да ја намали REPO стапката“.

Населението во Русија оваа година купи странски валути во вредност од 30 милијарди долари, вели Уљукајев и додаде дека тоа е околу една четвртина од вкупниот одлив на капиталот.

Претходно претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека одливот на капитал оваа година ќе изнесува 120-130 милијарди долари. Тој, на состанокот на Собранието, призна дека тоа е голема цифра и потсети дека во 2008 година таа беше поголема – 137 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП