18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кралевите“ ги собраа сите награди на Globe Soccer Awards

„Кралевите“ ги собраа сите награди на Globe Soccer Awards

GALA PREMIOS GLOBE SOCCER EN DUBAI

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер во 2014-та година во листите на „Globe Soccer Awards“. Свечената церемонија на доделувањето се одржа во Дубаи.

Останатите награди исто така отидоа во Реал Мадрид. Карло Анчелоти победи во категоријата за најдобар тренер. Откритие на годината беше Хамес Родригез.

Шефот на „кралевите“ Флорентино Перез беше избран за најдобар претседател. Кај фудбалските агенти број 1 е Португалецот Жорже Мендеш, кој се грижи за интересите на Роналдо.

„Се надевам дека оваа награда е добар знак и за „Златната топка“. Среќен сум, бидејќи ова е уште еден трофеј, кој ја оценува мојата работа во оваа година. Сакам да се заблагодарам на сите во Реал Мадрид – тоа беше фантастична сезона за нас“, изјави Роналдо, кој е фаворит за освојување на „Златната топка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП