27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите уште долго време мора да се жртвуваат

Французите уште долго време мора да се жртвуваат

119716307754a17341c9a94372406067_orig

Францускиот премиер Мануел Валс им порача на Французите дека уште неколку години ќе мора да се жртвуваат за економскиот пресврт на земјата.

Не сакам на Французите да им давам лажна надеж дека со жртвувањето ќе можеме да престанеме за две или три години, изјави Валс за шпанскиот весник „Ел Мундо“ кој францускиот премиер го опиша како Шпанец кој сака да ја промени Франција.

„Мораме неколку години да вложуваме напори со цел Франција да ја направиме силна, со цел компаниите да станат конкурентни и јавниот сектор да стане ефикасен, поевтин и со помалку даноци“, објасни Валс.

Францускиот премиер изрази надеж дека во наредните месеци ќе дојде повторно до раст, а со самото тоа и до раст на платите и отворање на поголем број на работни места.

„Но мора да продолжиме со вложувањето на напори со цел државата да ја направиме ефикасна, стратешки посилна и држава која помалку ќе троши“, оцени тој изразувајќи уверување декa Французите ја сфатиле неопходноста на реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП