21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја запре исплатата на помош за Грција

ММФ ја запре исплатата на помош за Грција

ek grece

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти вчера дека ја стопира исплатата на финансиската помош за Грција, додека новата влада не биде формирана по изборите закажани за крајот на јануари.

„Разговорите со грчките власти за комплетирање на шестиот преглед на програмата за помош ќе продолжат кога ќе биде формирана новата влада, во консултација со Европската комисија и Европската централна банка“, изјави портпаролот на ММФ, Гери Рајс, пренесува агенцијата Франс прес.

Рајс, сепак, тврди дека паузирањето на исплатата на помошта нема да влијае на грчките финансии на краток рок.

Шестиот преглед на програмата за помош на ММФ за Грција, вредна 35 милијарди долари, кој е дел од пошироката помош од „тројката“, има за цел да потврди дека Атина ги спроведува буџетските и другите реформи.

Во Грција на 25. јануари ќе бидат одржани предвремени парламентари избори, бидејќи во третиот и последен обид не успеаа да изберат иден шеф на државата.

Официјалните претставници на ММФ и ЕУ стравуваат дека на предвремените избори победата може да ја однесе радикалната левичарска партија Сириза, со што многу фискални реформи во земјата ќе бидат доведени во прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП