2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ќе вложи 24 милијарди евра во нови модели

Audi ќе вложи 24 милијарди евра во нови модели

Audi_Factory_2222

Германскиот производител на автомобили „Audi“ во наредните пет години ќе вложи во нови модели, технологија и проширување на производните капацитети околу 24 милијарди евра, што е за две милијарди повеќе од претходниот план.

Целта на проширениот обем на инвестиции е „Audi“ да го престигне главниот конкурент, најголемиот производител на луксузни автомобили во светот, „BMW“, пренесуваат медиумите.

Седумдесет проценти од планираните инвестиции ќе бидат наменети за развој на нови модели и технологија, како што се хибридните возила со намалена емисија.

Вториот најголем светски производител на луксузни автомобили, има за цел да ја прошири својата палета на модели на 60 од моменталните 50 од 2020-та година.

Повеќе од половината од парите ќе бидат вложени во двете германски фабрики на компанијата во Инглоштад и Некарслум, од кои за девет месеци излегле 1,34 милиони возила или половина од вкупното производство.

„BMW“ во првата половина од 2014-та продаде 42.000 возила од „Audi“, додека во истиот период од пред една година таа разлика беше 54.600 примероци. „Audi“ очекува рекордна продажба од 1.7 милиони автомобили во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП