21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ноември е регистриран пад на рускиот БДП на 0,5 отсто

Во ноември е регистриран пад на рускиот БДП на 0,5 отсто

rublja 334

Во ноември е забележан пад на рускиот БДП на 0,5 отсто,што претставува прв знак за влегувањато на руската економија во рецесија. Ова е прво опаѓање на руското БНП, по октомври 2009 година,соопшти денеска државното биро за статистика во Москва.

Русија очекува да ја заврши оваа година, гледано во целост,со мал раст на домашната економија од 0,6 отсто,но владата во Москва претходно веќе најави дека во 2015 година, домашниот БНП ќе опадне на 0,8 отсто а земјата ќе западне во рецесија.

Владата и економските експерти не успеваат да го запрат паѓањето на вредниста на руската рубља, која денеска се намали за шест отсто,па сега еден американски долар се менува за 57 рубљи.Минатата недела,домашната валута забележа минимален раст,но сега се гледа дека тоа било само краткотрајно.

Руската економија која е силно зависна од извозот на суровата нафта и гасот,се наоѓа во тешкотии откако оваа година забрзано почна да опаѓа цената на нафтата.

Западните медиуми продолжуваат да тврдат дека кризата е последица и на занкциите што ги воведоа САД и ЕУ, како казна за Русија и за претседателот Владимир Путин, поради нивната поддршка на проруските бунтовници во источна Украина.Западните проценки тврдат дека санкциите тешко ги погодуваат“ енергетскиот сектор, воената индустрија и банките.

Во текот на оваа 2014 година, рубљата има загубено околу 50 отсто од својата вредност. Последен пат, руската економија се најде во криза во 1998 година, кога практично беа целосно „избришани“ заштедите на граѓаните во деловните банки.

Владата во Москва сега настојува да ги засили со интервенција на Ценралната банка, сите банки кои им даваат зајмови на луѓето, за да се избегне созцијална криза како што тоа се случи во ЕУ и во делови од светот, по банкарската и финансиската криза од октомври 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП