3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗШВ испрати предлози до компаниите за поуспешен откуп на тутунот

МЗШВ испрати предлози до компаниите за поуспешен откуп на тутунот

tutun158mkmkmokoko

Компaниите кои доцнат со откупот на тутунот, да организираат дополнителни термини за преземање на договорените количини, доколку тутунот го враќаат од пунктот поради влажност или од други причини, да го известат производителот за терминот на следното преземање.

При откупот да го евидентираат и вишокот тутун на производителите, а во поканите за преземање на тутунот да ги наведат целокупната договорена количина и терминот на предавање (доколку е во повеќе наврати).

Ова се сугестиите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за поуспешен откуп на тутунот што денеска во писмена форма им се испратени на откупувачите.

Како што информира МЗШВ, осум компании заклучно со денеска откупиле вкупно 4.900.000 килограми тутун од годинашната реколта по просечна цена од 119 денари за килограм.

Според Државниот Инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана 27,13 отсто и се одвива согласно динамиката наведена во договорите меѓу откупувачите и тутунопроизводителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП