Во Хрватска во ноември стапката на регистрираната невработеност пораснала од октомвриските 18,7 на 19,2 проценти од работоспособното население.
Тоa е трети месечен раст покажуваат најновите податоци на хрватскиот Државен завод за статистика. Благодарение на сезонските вработувања, главно во туристичкиот сектор, до август стапката на невработеност била во надолна фаза, но од месец септември таа започнала да расте, достигнувајќи го највисокото ниво во ноември, започнувајќи од мај оваа година, кога изнесувала 19,6 проценти.
Дека невработеноста и понатака расте, покажуваат и податоците на веб страната на Хрватскиот завод за вработување, наведува порталот.
Во Заводот се пријавени 314.820 невработени, што е за 2,500 лица повеќе отколку на крајот на ноември.
А според веќе објавените податоци на Заводот за статистика, на крајот на ноември биле евидентирани 312,330 невработени лица, што е за 6,180 лица или 2,0 проценти повеќе во однос на еден месец претходно.
Во однос на ноември минатата година, бројот на невработени е помал за 12,5 проценти, или за 44,530 лица, па затоа и стапката на невработеност во овогодинешниот ноември, од 19,2 проценти, е помала во однос на истиот месец минатата година, кога таа изнесуваше 21,1 проценти од работоспособното население.