28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕПСО воспостави редовно напојување со струја во Охрид, Струга и Дебар

МЕПСО воспостави редовно напојување со струја во Охрид, Струга и Дебар

nemastruja

Сите елементи од преносната електро мрежа во охридско­ ресенскиот регион се под напон од 10 часот и пет минути утрово и е воспоставено редовно напојување со електрична енергија на потрошувачите во Охрид, Струга и во Дебар, соопштуваат од МЕПСО.

Екипите на МЕПСО, како што наведуваат во соопштението, се на терен и во континуитет вршат проверки на далекуводните траси во должина од околу 200 километри на потегот од Дебар­Струга­Охрид­Ресен до Битола.

Појаснуваат дека во 7 часот и 30 минути регистрирана е безнапонска состојба на 110 киловолтен далекувод Т.С. Ресен – Т.С. Охрид 2 со што градовите Охрид, Струга и Дебар остануваат без напојување со електрична енергија. Екипите на МЕПСО излегоа на терен за да ја утврдат локација и да го отстранат дефектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП