28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекини во снабдувањето со струја во повеќе реони во Македонија

Прекини во снабдувањето со струја во повеќе реони во Македонија

evn makedonija 33

ЕВН Македонија информира дека во повеќе региони во земјава има прекини во снабдувањето со електрична енергија поради дефекти на 110 киловолтни и 35, 20 и 10 киловолтни далекуводи.

Како што соопштуваат, има прекини во општините Струга, Дебар, Центар Жупа Маврово­Ростуша на 110 кв врска, во општина Дебарца, 110кв, во Кумановско ­ Вишница, Никуштак на 20 кв врска, во Скопско ­ Тисовица, Гумалево, Добрино, Страхојадица на 10 киловолтна и во Кондово, Сарај, Матка на 35 кв врска, во Кичевско во Староец, Карабуница, Вранештица, Цер и Прострање 10кв, во Ресенско во населените места околу Преспанско Езеро, Отешево, Стење, Љубојно, Брајчино, Јанкоец, Крушје, Златари на 10 кв врска, во Прилепско ­ Тополчани, Канатларци, Ивањевци на 35 кв, Велешко ­ Дреново, Лисиче, Горно Врановци на 10 кв и во Битолско нема во Молика, детско Трново, Магарево на 10кв врска.

Наведуваат дека поради големото невреме проследено со обилни врнежи од снег и ветер, дистрибутивната мрeжа на ЕВН Македонија во регионот на Дебар, Струга и Охрид пртетрпе големи штети. Најчестите дефекти се на 35 и 10 киловолтни далекуводи, кај кои заради големите наноси на снег, столбовите се паднати или искривени. Истакнуваат дека и покрај тешко пристапните терени, екипите вложуваат големи напори и постојано работат на отстранување на дефектите.

ЕВН наведува дека се уште има прекин на 110 кВ врска на АД МЕПСО од Вруток кон Шпиље, тоа е втората врска за Охрид и Струга.

Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите на улиците во Охрид каде што има искинати кабли и урнати столбови. Голем проблем за екипите на ЕВН, како што стои во соопштението, е непроодноста на патот од Струга до Дебар, па затоа дополнителни екипи не се во можост да стигнат на отстранување на дефектите во дистрибутивната мрежа.

Од ЕВН наведуваат дека екипите се на терен и очекуват прекините да бидат санирани во најбрз можен рок. Истакнуваат дека голема пречка претставуваат непроодните патишта и апелираат до надлежните да е направат напори за оспособување на патиштата за да се намали времето на отстранување на дефектите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП