4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредновогодишни контроли на УЈП, нерегуларности кај седум објекти во Скопје

Предновогодишни контроли на УЈП, нерегуларности кај седум објекти во Скопје

objekti-ujp

Управата за јавни приходи во контрола извршена во ноќните часови меѓу 27 и 28 декември утврди неправилност кај седум угостителски објекти во Скопје, од вкупно 20 контролирани.

Поради нерегистрирањето на готовинските плаќања, за објектите е изречена времена забрана за вршење на дејност од 15 дена, а за даночните обврзници изречена е глоба во висина до 3.250 евра во денарска противвредност

Предновогодишната потрошувачка го зголемува ризикот од неевидентирање на готовинскиот промет, токму затоа ги потсетуваме сите даночни обврзници на почитување на обврската за регистрирање на готовинскиот промет и за издавање на фискални сметки на потрошувачите, наведуваат во соопштението од УЈП.

Додаваат дека редовно се присутни на терен, особено на местата со изразено зголемен промет во овој период како што се угостителските и објектите кои вршат малопродажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП