5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонија 2025 доделува стипендии за обука на менаџери во Канада

Македонија 2025 доделува стипендии за обука на менаџери во Канада

makedonija2025

Шест македонски менаџери ќе имаат можност да добијат стипендии за курсеви на Шулик школата за бизнис и посета на канадски компании. Стипендиите ги доделува организацијата Македонија 2025, а крајниот рок за пријавување на заинтересираните е 15 март.

Шулик Едукативниот центар е дел од Јорк Универзитетот од Торонто, рангиран меѓу топ 10-те светски бизнис школи според Фјаненшел Тајмс, Форбс магазинот, Бизнисвик, Волстрит журнал и Економист. Предавачи на школата се менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е заснован на принципот „токму-кога-треба“ учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи.

Стипендијата е во износ од 12.000-15.000 канадски долари, и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од 120 и повеќе курсеви, чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори. Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и петгодишно работно искуство, пожелно од извозно-ориентирани компании или владини институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП