24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's изненади со отворање на сосема различен ресторан

McDonald’s изненади со отворање на сосема различен ресторан

korner mek

Жителите на Сиднеј од неодамна ќе можат да уживаат во сосема различен „McDonald’s“ ресторан, отворен на местото на некогашниот „McCafe“.

Како што пишува „Business Insider“, ресторанот наречен „The Corner“ на посетителите им нуди сосема различна понуда и услуги, а и самата внатрешност ниту малку не наликува на класичниот ентериер на „McDonald’s“.

Што се однесува до храната, „Mc Donald’s“ направи вистинска трансформација, па така во менито на „Corner“ може да се пронајдат пилешки гради, свинско месо, леќа, салата од домати, сендвичи и многу квалитетно кафе.

Љубителите на хамбургери пак имаат можност самите да си го состават својот омилен „бургер“ (со помош на дигетален приемник), a зa разлика од класичниот „Mc Donald’s“ ресторант, во „Corner“ ќе ги послужат келнери и келнерки.

Со инвестиција од милијарда долари и иновативни ресторани, компанијата сака да го запре негативниот биланс во продажбата која ги следи во последно време, а отворањето на ваквите ресторани ширум Австралија сакаат и повеќе да се „поврзат“ со гостите.

Моментално не е познато какви се натамошните чекори со целиот концепт на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП