27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Во Европа не е така лошо како што се мисли“

„Во Европа не е така лошо како што се мисли“

vajdmanman1

Гувернерот на Централната банка Јенс Вајдман вели дека економската ситуација во Европа не е толку лоша како што некои мислат, пред се благодарение на падот на цената на нафтата.

„Европа не стои толку лошо како што некои мислат“, изјави тој за медиумите, потсетувајќи дека „експертите предвидоа закрепнување во еврозоната, но со побавно темпо“.

Тој го повтори својот став дека Европската централна банка (ЕЦБ) не треба да купува актива за да го потикне растот, оценувајќи дека падот на цената на нафтата би требало да биде доволен позитивен поттик за економијата.

„Ми пречи кога ќе слушнам дека сите зборуваат една работа: кога конечно ќе започнете со купување?“ изјави Вајдман, додавајќи дека ЕЦБ не треба да попушти под притисоците на финансиските пазари.

„Тие купувања ќе прејдат во долгови на централните банки на еврозоната, а и на даночните обврзници“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП