
Tри години откако во Европа беше лансирана втората генерација на моделот „i30“, „Hyundai“ ја најавува најновата палета на редизајнираниот модел „i30“.


Tри години откако во Европа беше лансирана втората генерација на моделот „i30“, „Hyundai“ ја најавува најновата палета на редизајнираниот модел „i30“.
Официјалната продажба ќе започне од март месец 2015-та, кога ќе биде позната и цената на автомобилот, а палетата на новите „i30“ модели опфаќа три стилски каросерии (хечбек со 3 и 5 врати и караван).
Покрај стилските подобрувања, редизајнираните автомобили ќе имаат и подобрена ефикасност на моторите, нови менувачи, нови безбедносни системи. Како најголем новитет, во понудата ќе биде и новиот „T-GID“ мотор со 186 KS зa моделот „Hyundai i30 Turbo“.

Освежените модели „i30“ се дизајнирани и конструирани во компанискиот центар во Ризелхајм, во Германија. Подобрениот „i30“ има нов дизајн на предната маска, подобар мотор, додека на купувачите ќе им биде достапен и седумстепен автоматски менувач со двојно квачило.
Покрај тоа, моторот со 1.4-литри сега има помала потрошувачка на гориво и го исполнува „EURO 6“ стандардот.
„Hyundai i30“ за 2015-та има и систем за вентилација на седиштата кој обезбедува дополнителна удобност и го подигнува нивото на комфор во кабината.

Во понудата ќе бидат осум мотори, три дизели и пет бензински. Дизел агрегатите ќе бидат достапни во верзиите 1.4-литарски и 1.6-литарски, во опсег од 90-136 KS, a бензинските се 1.4-литарски и 1.6-литарски со моќ помеѓу 100 и 186 „коњи“.
Тубро модел со 186 „коњи“

„Hyundai i30 Turbo“, покрај моторот со 186 KS ќе има и спортска суспензија и прецизно управување со динамично возење и подобрен менувач.
Надворешниот дизајн на овој автомобили се разликува од другите верзии според маската на ладилникот, предниот и заден браник со црвени детали, двојниот издувен систем и 18-инчните алуминиумски бандажи.

Внатрешноста на кабината е пространа со спортски седишта, црвени детали на воланот, менувачот, рачките на вратите и црната позадина.