3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина: Усвоен буџетот за 2015 година

Украина: Усвоен буџетот за 2015 година

High_noon_in_relations_between_IMF_and_Ukraine_has_matured__159588

Украинскиот парламент го усвои денес буџетот за 2015 година, за да ја обезбеди следната транша од финансиската помош од пакетот вреден 17 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд.

Пред гласањето рано утринава, пратениците усвоија серија закони за штедење, вклучувајќи амандман за дополнителен данок на увезената стока.

Премиерот Арсениј Јаценјук предупреди дека таа мерка нема да биде добро примена меѓу странските трговски партнери.

Девизните резерви се повеќе од преполовени од почетокот на годината и се наоѓаат на десетгодишен минимум поради отплатата на долгот за гас за Русија и напорите на Украина да ја подржи својата валута гривната.

Јаценјук изјави дека буџетот може да биде променет по разговорот со украинските партнери од Западот.

Некои парламентарци се противеа на амандманите за штедење, поради, како што сметаат тие, наметнувањето на раст на цените во ситуација кога многу Украинци веќе имаат финансиски проблеми.

Украинските девизни резерви во моментов се малку помали од десет милијарди долари, што е едвај доволно за покривање на увозот во периодот од два месеца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП