24 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои вештини ќе ви бидат потребни за да се вработите во 2015...

Кои вештини ќе ви бидат потребни за да се вработите во 2015 година?

Business-Communication-Skills-Teach-Your-Sales-Team-to-Sell-not-to-Offer-Discounts-640x330

Денес сите сме свесни за фактот дека факултетската диплома не е сигурен влез во светот на работата. Сигурно помага, но не е гаранција.

Работодавците се повеќе при вработувањето се концентрирани на „меките вештини“ (soft skills) како што се тимската работа или комуникациските вештини.

NACE (The National Association of Colleges and Employers) неодамна ги објави резултатите од истражувањето кое беше спроведено врз работодавците и вештините кои на нив им се приоритетни при вработувањето. Листата од десет одлики и вештини кои најдобро котираат кај работодавците, наредени според важноста, изгледа вака:

1. Способност за работа во тим

2. Способност за донесување на одлуки и решавање на проблеми

3. Способност за вербална комуникација со луѓето во и надвор од компанијата

4. Способност за планирање, организирање и одредување на приоритети

5. Способност за собирање и анализирање на информации

6. Способност за анализирање на квантитативни податоци

7. Технолошки знаења поврзани за работата

8. Работа со одредени софтвери

9. Способност за пишување на извештаи

10. Способност за влијание врз другите

Ќе забележите дека меѓу првите пет се наоѓаат „меките вештини“, односно оние вештини кои сведочат во корист на соработката и комуникацијата во внатрешноста на деловниот колектив.

Во втората половина се наоѓаат специфичните сетови од вештини, како што е аналитичкото размислување, работата со компјутери и сл. Денес сме сведоци на зголемувањето на степенот на дигитализација и без компјутерски познавања и разбирање на податоците тешко деке ќе можете да се пробиете на пазарот за труд.

Зклучок: Во 2015 година размислете како да ги вклучите „меките вештини“ во вашето CV и да се фокусирате на сопствената социјална и емоционална интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП