8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini ви ги честита празниците со рекапитулација на 2014-та (видео)

Lamborghini ви ги честита празниците со рекапитулација на 2014-та (видео)

Lamborghini-Recap

Oва беше многу работна и успешна година за компанијата „Lamborghini“, која го вклучува и претставувањето на „Huracan LP 610-4“, кој го замени најуспешниот модел на компанијата, „Gallardo“; претставувањето на концептот „Asterion“ и прикажувањето на првиот хибриден погонски систем во историјата на „Lamborghini“.

Производителот беше успешен и во претставувањето на тркачките модели, како што се „Lamborghini Super Trofeo“ и замената за „Gallardо“, „Huracan LP620-2“ – aвтомобилот кој веројатно ќе биде основа за верзијата „baby Lambо“ со погон на задните тркала. Дури и во форма со погон на сите тркала, „Huracan“ за 10 месеци веќе е продаден во 3.000 примероци.

Lamborghini“ е прогласен и за „Најдобар работодавач во Италија за 2014-та година“ и за време на доделувањето на наградите, извршниот Стефан Винкелман рече дека „секој модел кој ќе излезе од фабриката мора да биде визионерски“ и „дека овој производител на суперавтомобили сака да го испорача неочекуваното“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП