7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШто можеме да очекуваме во 2015-та од Apple?

Што можеме да очекуваме во 2015-та од Apple?

n apple

2014-та година беше доста успешна за „Apple“. Компанијата објави неколку нови производи, а пазарната проценка ја премина границата од 700 милијарди долари, што ја претвори во најскапата компанија во светот.

Еве што можеме да очекуваме во 2015-та година.

n apple1

Веќе започнаа со масовно производство на паметниот часовник на компанијата, кој е очекуван во првите месеци на 2015-та година. Се уште не е позната цената на „Apple Watch“, но се очекува таа да стартува од 349 долари.

Се очекува „Apple“ да пушти на пазарот нов, поголем модел „iPad“, кој е наречен „iPad Pro“ или „iPad Plus“. Компанија ќе пушти во продажба и потенок „iPad Air 3“. „iPad Mini 4“ по секоја веројатност ќе се појави во есента 2015-та година. Тој ќе располага со побрз процесор и подобра камера.

n apple2

„iPhone 6S“ по секоја веројатност ќе додаде неколку нови функции, додека големи промени се очекуваат при излегувањето на „iPhone 7“. Според гласините, „Apple“ ќе пушти на пазарот и помала верзија на „iPhone 6“ наречена „Mini“. Тој ќе биде со големина на „iPhone 5“.

Новите производи значат и нов софтвер, така што очекувајте го „iOS 9“. Компанијата ќе пушти и потенок „MacBook Pro“, како и „Apple Pay 2.0“, со која се очекуваат и доста нови апликации за да можеме сето тоа да го купуваме онлајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП