20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија во 2030 ќе ја надмине Германија

Велика Британија во 2030 ќе ја надмине Германија

velika-britanija545343

Велика Британија се движи кон тоа во 2030 година да ја надмине Германија и да стане првата економска сила во Европа.

Ова го покажуваат резултатите од анализата на 30. најсилни економии во светот. Според податоците од истражувањето кое го спроведе лондонскиот Центар за економски и деловни истражувања (CERB) „намалувањето на бројот на жители и веројатната слабост на еврото“ би можеле да го отежнат патот на Германија да го задржи сегашното ниво на успех.

CERB како фактор го наведува и растот на британската економија, која ја надмина француската и стана петтата економска сила во 2014 година.

Според анализата, кинеската економија во 2025 година би требало да ја замени американската и да стане водечка економија во светот.

До 2030 година значителен скок од сегашното 15. место би требало да направи и Јужна Кореја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП