17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus добар, но зад Boeing

Airbus добар, но зад Boeing

15914997315497dd6d1a52a938687911_orig

Францускиот производител на авиони „Airbus“ ја надмина целта за 2014 година една недела пред истекот на годината, и покрај разочарувачките резултати на авионот со голема носивост „А380“.

„Airbus“ сепак остана зад својот ривал „Boeing“, во поглед на нарачките.

Заклучно со 25. декември „Airbus“ добил вкупно 1.170 нето нарачки од почетокот на година, додека неговиот американски конкурент забележа 1,327 нето нарачки во истиот период, пренесува АФП.

Авионот на „Boeing“ за средни релации „737“ и неговите понапредни верзии („737“ MAX 7,8 и 9) го сочинуваа поголемиот дел од нарачките на овој производител во тековната година.

Иако вкупниот број на нарачки за авионите на „Airbus“ го надминаа минатогодишното ниво за 626 авиони, целите за типот „А380“ не се остварени, наведуваат во „Airbus“.

Компанијата за 2014 година сметаше на продажба на 30 единици од овој „супер џамбо“, но продадени се само 14, откако јапонската компанија „Skymark Airlines“ го откажа купувањето на шест нови авиони од овој модел.

Како што се наведува, „Airbus“ за развој на авиониот „А380“ морал да потроши околу 25 милијарди долари (двојно повеќе отколку за А350), поради значајните потешкотии во производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП