3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија подобра од Израел

Македонија подобра од Израел

kilo

Машката ракометна репрезентација постигна победа на контролниот натпревар против Израел одигран вчера во СЦ „Јане Сандански“. Македонија победи со 39:37, полувреме 20:18.

Почетокот на дуелот мина во знакот на противникот, кој имаше водство до средината на првиот дел. Сепак, избраниците на селекторот Ивица Обрван го презедоа водството во финишот на првите 30 минути. Македонија водеше и со највисоки 6 разлика (27:21) на почетокот на вториот дел.

Најефикасен на натпреварот кај Македонија беше Гоце Георгиевски со 7 голови, Ренато Вугринец постигна 6, а Кирил Лазаров 5. Селекторот Обрван им даде шанса на сите играчи, со исклучок на Ацо Јоноски и постојано ги менуваше играчите на теренот.

Овие две репрезентации утре ќе одиграат уште еден натпревар, но од затворен тип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП