
Неколку капитални проекти најави градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов за наредниот период.


Неколку капитални проекти најави градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов за наредниот период.
„Морам да го нагласам интересот за изградба на прва приватна градинка во градот, нова автобуска станица и колективен станбен простор, деловно трговски центар, а во нов објект ќе се дислоцира и територијалната противпожарна единица на Кавадарци. Ќе се продолжи кејот на реката Луда Мара, најавувам отварање на НВО центар а во општинската зграда лифт и тоалет за лицата со посебни потреби“, рече Панов.
Тој нагласи дека истовремено ќе се продолжи и со комуналната изградба во општината со цел подобрување на животот на граѓаните во неа.