18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина призна дека ќе биде полошо

Украина призна дека ќе биде полошо

ukraina1

Владата на Украина ја влоши прогнозата за основните макроекономски индикатори за 2015 година, според која БДП според песимистичкото сценарио ќе се намали за 4,3 проценти.

Оптимистичкото сценарио предвидува пад од два проценти.

Според податоците објавени во документот за усвојување на прогнозите за економскиот и социјален развој на Украина за 2015 година и основните макроекономски индикатори за економскиот и социјален развој за 2016 и 2017 година, номиналниот БДП во наредната година според песимистичкото сценарио ќе изнесува 1.720 милијарди гривни (108 милијарди долари), а според оптимистичкото 1,751 милијарди гривни (110 милијарди долари).

Во 2016 година, како што прогнозира владата, растот на БДП се очекува да биде на ниво од 0,5 проценти (песимистичко сценарио) и 2,2 проценти (оптимистичко сценарио), пренсува Тасс.

Така, номиналниот БДП за 2016 година е прогнозиран на 1,932 милијарди гривни, односно 1,971 милијарди.

Во 2017 година економскиот раст, во согласност со песимистичката прогноза ќе изнесува 0,8 проценти, што значи дека номиналниот БДП ќе изнесува 2,080 милијарди гривни, додека пооптимистичната прогноза предвидува економски раст од 3,5 проценти и номинален БДП од 2,165 милијарди гривни.

Претходно беше објавено дека прогнозата за падот на реалниот БДП за оваа година е седум проценти.

Нивото на инфлацијата во 2015 година би требало да се намали на 13,1 проценти, од сегашното кое е повисоко од 21 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП