8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Roadster ќе има автономија до 640 km

Tesla Roadster ќе има автономија до 640 km

tesla roadster 353

Првиот модел кој излезе од фабриката на „Tesla Motors“, спортскиот двосед „Roadster“, во иднина ќе може да го помине растојанието меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско, изјави Илон Маск. Тоа би требало да ги израдува сопствениците од Калифорнија, затоа што голем дел од примероците на „Tesla Roadster“ се регистрирани токму во овој дел на САД.

Маск, кој неодамна најави дека до крајот на годината ќе претстават подобрена верзија на „Roadster“, oткри на „Twitter“ дека едно од подобрувањата ќе биде зголемувањето на радијусот на движење на скоро 400 милији (644 km).

Моментално „Tesla Roadster“ има литиум-јонска батерија со 6.831 ќелии која на возачот му овозможува со едно полнење да помине до 245 милији (394 km).

Засега не е познато колку време ќе биде потребно да се наполни новата батерија, а полнењето на старата трае 3.5 часа, ако се користи полначот на „Teslа“ од 240 V и 70 A.

Маск вети дека наскоро ќе бидат познати сите детали за подобрениот „Roadster“. Со оглед дека овој моментално не се произведува, 2.500 сопственици кои претходно го купија овој модел, може да очекуваат дека нивните возила ќе бидат подобрени во 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП