7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗошто овој човек има специјален статус во Ferrari? (видео)

Зошто овој човек има специјален статус во Ferrari? (видео)

obrist 5

Додека повеќето сопственици на „LaFerrari“ мораат да го убедат раководството на италијанскиот производител дека токму тие заслужуваат да бидат купувачи на еден од 499 автомобили, Алберт Обрист доби повик од „Ferrari“ со понуда да го купи овој единствен модел.

За разлика од другите богати вљубеници во возилата на „Ferrari“, кои се „препотуваат“ додека италијанската компанија не им одобри дека можат да потрошат милион евра за својот примерок на „LaFerrari“, Oбрист имаше привилегиран статус.

Овој швајцарски милионер е страстен колекционер на автомобилите на „Ferrari“ веќе 51 година и во својата гаража има неколку ретки класични модели. Меѓу нив е и 250 GT 2+2, првото „Ferrari“ кое Алберт Обрист го купи далечната 1962-та година.

Подоцна му се придружија „Ferrari 250 TR“, кој победи во трката „12 часа Себринг“ во 1959, „Ferrari 375 MM“, кој триумфираше на натпреварувањето „24 часа Спа“ во 1953-та и „Ferrari 315 S“, освојувачот на трката „Mille Miglia“ во 1957-та.

Алберт Обрист беше специјален гостин на „Ferrari“ во Маранело и во таа прилика му беше врачен примерокот на „LaFerrari“ за кој овој колекционер рече дека е „нереален и апсолутно фантастичен“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП