2 јули, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Кој работи, тој и греши“

„Кој работи, тој и греши“

1798470844549c30187d264628215025_orig

Вообичаена појава е сите вработени да се трудат да не згрешат, бидејќи стравуваат дека би можеле да добијат отказ. Меѓутоа, старата изрека вели: „Кој работи, тој и греши“.

Само, прашањето кое се наметнува потоа е дали оние кои ќе згрешат ја признаваат својата грешка или ја задржуваат за себе и настојуваат да ја поправат во што пократок рок за да не дојдат до ситуација да добијат отказ?

На грешките најдобро се учи, и тоа нормално на личните грешки, и повеќето вработени се свесни за тоа, па без проблеми признаваат дека погрешиле и настојуваат тоа повеќе да не се повтори. Доколку грешката веднаш му се признае на шефот или колегите, веројатно полесно ќе се дојде до решение на проблемот кој нема да има негативно влијание на компанија, ниту на работата. Доколку имате шеф кој ќе ја цени вашата искреност и на неа ќе гледа позитивно, тогаш сте на добар пат да ја признаете својата грешка.

Меѓутоа, постојат и оние луѓе кои не сакаат да ја признаат својата грешка во работата, па се обидуваат да ја сокријат и на никого да не му кажат за тоа. Претпоставка е дека во повеќето случаи тоа лошо ќе влијае на нив, бидејќи не можат сосема сами да ја поправат грешката. Кога штетата веќе е направена, шансите таа да се реши на едноставен начин се мали.

Луѓето кои не ги признаваат своите грешки имаат страв од отказ. Повеќето луѓе кои ги сокриваат грешките па потоа откако таа грешка ќе се открие признаваат дека направиле грешка, во тој случај се доведуваат во уште понезгодна ситуација.

Според тоа, бидете свесни дека ако работите, понекогаш мора и да згрешите, и настојувајте таа грешка да ја поправите заедно со своите надредени и со останатите колеги. Веруваме дека поради вашата искреност тие повеќе ќе ве ценат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП