7 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBentley: Двојно ќе ја зголемиме продажбата до 2020-та

Bentley: Двојно ќе ја зголемиме продажбата до 2020-та

bentli prodazba 53

Производителот на луксузни автомобили, кој работи како дел од концернот „Volkswagen“, ја истакна својата нова цел, а тоа е дека до 2020-та година на купувачите ќе им испорача 20.000 возила, што е два пати повеќе во споредба со 2013-та.

„Bentley“ претходно најави дека планира до 2018-та да достигне продажба од 15.000 автомобили, што е скоро 50 проценти повеќе отколку во 2013-та година, кога беа пласирани 10.120 возила.

Извршниот директор, Фолфганг Дирхајмер, сега ја подигна границата на 20.000 единици, а како краен рок за постигнување на таа цел го означи крајот на тековната декада.

За да се оствари прогнозата на првиот човек на компанијата, потребно е на пазарот во 2016-та да се појави долго најавуваниот „SUV“ модел, базиран на концептот EXP-9F од 2012-та.

Bentley“ не очекува дека лансирањето на „SUV“ возило со знакот на оваа луксузна марка ќе ги одбие досегашните купувачи, за веруваат дека ќе ги привлечат и оние кои досега не ги купувале нивните модели.

Кога станува збор за „SUV“ моделот, во компанијата најмногу сметаат на големиот потенцијал на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар