19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДЗС: Состојбата на деловните субјекти понеповолна од лани и претходниот месец

ДЗС: Состојбата на деловните субјекти понеповолна од лани и претходниот месец

proizvodstvo industrisko34

Економската состојба на деловните субјекти минатиот месец била понеповолна во однос на октомври 2014 и ноември 2013, оценуваат раководителите.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, оценката за обезбеденоста на производството со порачки и за обемот на производството е понеповолна во однос на претходниот месец. Понеповолни се и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, како и очекувањата за бројот на вработените.

Во ноември 2014 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата.

Залихите на готовите производи во ноември 2014 година се намалени во однос на октомври 2014 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2014 година изнесува 61,2 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во ноември 2014 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23,6 проценти, недоволната домашна побарувачка со 16,8, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5 и финансиските проблеми со 10,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП