28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака ќе изгледаат гумите во иднина (видео)

Вака ќе изгледаат гумите во иднина (видео)

gumi idnina

На манифестацијата „Essen Motor“ во Германија, производителот на гуми „Hankook“ ја претстави својата визија за пневматиците на иднината, кои ќе се прилагодуваат на подлогата за полесно совладување на асфалтот, земјата, снегот, па и водата.

Техничкиот развој на автомобилските гуми игра голема улога во модерната автомобилска индустрија, меѓутоа, суштината на пневматиците значително не се променила од самиот почеток на автомобилите.

Токму од оваа причина компаниите како „Hankook“ истражува нови, напредни видови на гума кои не се вклопуваат во традиционалниот концепт.

Oваа година, комапнијата претстави три концепти на гуми кои динамички ги менуваат своите перформанси зависно од теренот.

„Boostrac“ гумата е замислена за теренските возила, а нејзината површина е составена од шестаголни блокови кои се шират и овозможуваат подобро движење.

„Alpike“ е гума која може да го рашири својот обем обезбедувајќи послесно возење по снег. Кога гумата ќе се рашири, во нејзините цепнатинки се појавуваат крампони кои нудат посигурно движење по лизгава подлога.

„HyBlade“ секако е најрадикална со дизајнот кој потсетува на тркало од мелница и кое овозможува подобро движење низ вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП