21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе помалку руски туристи во странство

Се помалку руски туристи во странство

RussiaGITM1-600x330

Кризата влијаеше Русите се помалку да патуваат во странство…

Причините за тоа се многубројни: од неповолните економски услови и слабата рубља до надворешните фактори.

Русите станаа внимателни поради општите неповолни услови во домашната економија, како и поради намалувањето на нивната куповна моќ. Рубљата во однос на еврото и доларот загуби значително од вредноста, соопшти германската новинска агенција DPA.

Туристичките работници се изложени на „надворешно-политичките фактори“ кои би можеле да влијаат на однесувањето на руските туристи. Така, многу Руси неодамна поради санциите за Москва кои поради украинската криза ги воведоа западните земји, во тие земји не се чувствуваат добредојдени.

Директорот на руското Здружение на патничките агенции, Маја Ломидсе, пред неколку дена оцени дека оваа година бројот на руски туристи кои посетиле некоја од странските земји во однос на претходната година е намален за 40 до 50 проценти.

Омилените туристички дестинации на Русите се Турција и Египет, а во членките од ЕУ најмногу руски туристи има во Грција и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП