18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветот бавно ги прифаќа електричните автомобили

Светот бавно ги прифаќа електричните автомобили

elk kars

И покрај порастот во продажбата на електрични автомобили, кој се бележи од година во година, пазарниот удел на овој вид возила и натаму е мал, а застапеноста според земји и региони е нерамноправен, покажува извештајот кој го објави „Research Capsule“.

Со исклучок на некои земји и региони, како Норвешка и Холандија во Европа, или Калифорнија во САД, продажбата на возила со електричен погон се уште е занемарлива.

Иако електромобилите се застапени во развиените држави, високиот економски страндард не значи ништо дека граѓаните од богатите земји се премногу заинтересирани за ваквиот вид за возила.

На пример, додека Норвешка е европски лидер во продажбата и употребата на автомобили на струја, Шведска далеку заостанува кога станува збор за ова прашање.

Во Германија, која има пет пати повеќе жители од Холандија, се продаваат помалку електрични патнички возила.

И во развиената Англија, станиците за полнење на батериите на возилата често се празни, а во Франција се продаваат три пати повеќе електрични автомобили по глава на жител, отколку во Шпанија.

Како најдрастичен пример на нерамномерната застапеност на електричните возила е САД, каде граѓаните на Калифорнија годишно купуваат 50 процети повеќе од сите продадени возила на струја во САД.

Продажбата на ваквиот вид автомобили во голема мера зависи од субвенциите на државите и локалните власти, даночните олеснувања, инфраструктурата, како и бенифициите во секојдневниот сообраќај (бесплатен паркинг, возење по брзите жолти ленти во големите градови и слично), а во нешто помала мера и од развивањето на еколошката свест во една држава.

Иако се очекува на подолг рок електричните автомобили да го освојат глобалниот пазар, се проценува дека ќе поминат уште најмалку десет години пред овој вид на возила да бидат застапени во значителен број на патиштата и улиците во градовите.

Продажбата на автомобили на струја во 2014-та ќе надмине 10.000 единици само во 5 земји во светот, а успех ќе се смета ако во некоја земја пазарниот удел од овој вид на возила надмине 1%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП