17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманскиот министер за финансии не гледа причина за нов договор на Романија...

Романскиот министер за финансии не гледа причина за нов договор на Романија со ММФ

mmf2

Романскиот министер за финансии изјави дека не гледа причина за продолжување на договорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со Романија, што истекува во септември идната година.

Според мене кон крајот на месец септември, кога истекува сегашниот договор, не гледам причина за негово продолжување, изјави министерот за финансии Дариус Валков.

Според Валков нов договор со ММФ не е приоритет и Романија е доволно стабилна да се справи без да добива насоки.

Романија има двегодишен превентивен договор со ММФ и ЕУ во вредност од четири милијарди евра. Тоа е трет по ред договор за Романија од почетокот на економската криза во 2009 година. Романија потпиша двегодишен стенд­бај договор во вредност од 20 милиојарди евра, а по неговото завршување во 2011 година Букурешт потпиша нов договор на две години во вредност од пет милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП