23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачката во Јапонија продолжува да се намалува

Потрошувачката во Јапонија продолжува да се намалува

japonija14

Потрошувачката на домаќинствата во Јапонија во ноември опадна осми месец по ред, и тоа за 2,5 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Тоа сепак е помал пад во однос на октомври, кога потрошувачката потона за четири проценти, покажува официјалната статистика.

Јапонците значително ја намалија потрошувачката по зголемувањето на стапката на ДДВ во април, што предизвика и пад на БДП во вториот квартал за 1,7 проценти, и за 0,4 проценти во третиот, со што јапонската економија се најде во рецесија, пренесува АФП.

Потрошувачката на електрична енергија, гориво и вода е намалена за 5,7 проценти, додека купувањето на мебел и останата опрема за домови е намалено за 4,5 проценти, а трошоците за одмор за 2,0 проценти.

Наспроти тоа, пораснале трошоците за образованието за 6,9 проценти, за сообраќај и комуникации 1,8 проценти и за нега на здравјето за 1,8 проценти.

Како што наведува изворот, пред зголемувањето на стапката на ДДВ, потрошувачката на јапонските домаќинства била значително зголемена за последните 17 години, за по воведувањто на таа мерка, таа забележително да се намали. Ниту дарежливата буџетска политика, ниту ултра олабавената монетарна политика на јапонската централна банка сеуште не се во состојба да го променат овој тренд.

За јапонскиот премиер Шинзо Абе, кој повторно беше избан на оваа функција оваа недела, 10 дена по победата на неговата Либерално-демократска партија, еден од клучните начини за закрепнување на економија е зголемувањето на платите, па поради таа цел тој веќе ги собра директорите на компаниите, повикувајќи ги да ги зголемат заработките на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП