29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

Последно извлекување за „Фискална во рака, награда без мака“

fiskalna nagradna

Ново извлекување за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ ќе се одржи во понеделник. Тоа ќе биде 13. и последно извлекување од наградната игра, а директно ќе се пренесува на МТВ1.

Во ова коло ќе се извлекува за еден стан, еден деловен простор, еден автомобил, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1.000 денари.

За учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15 ноември 2013, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената ­ за наградна игра.

Досега од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“ чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија два стана и тоа на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово и добитничката Весна Угриновска од Велес, два деловни простора кои ги освоија Димитар Миладинов од Струга и Снежана Јовановска од Скопје, како и 12 автомобили. Покрај главните награди за претходните 12 извлекувања, доделени се и 1.800 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари на добитници ширум Македонија.

Имињата на добитниците, во рок од три дена по извлекувањето, ќе бидат објавени во дневниот печат и на веб страницата на Државна лотарија на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП