18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриена нова смртоносна болест: Ја пренесуваат крлежите, а лек нема (видео)

Откриена нова смртоносна болест: Ја пренесуваат крлежите, а лек нема (видео)

Krpelj

Сите знаеме дека треба многу да внимаваме на крлежите бидејќи тие пренесуваат заразни болести, како што е лајмската болест, а сега имаме уште една причина да ги избегнуваме шумите и ливадите или доколку ги посетуваме да бидеме многу внимателни.

Научниците откриле нов вирус, кој го нарекле Бурбон, или (Bourbon Virus), а го пронашле шест месеци откако таа болест ја однела својата прва, и засега, единствена жртва.

Вирусот го добил името по областа Бурбон во Канзас, според местото на живеење на човекот кој минатото лето починал како последица од истиот. Вирусот бил откриен при обидот да се реши мистеријата за неговата смрт.

Krpelj-Foto-Wikipedia-Otom1

Се пренесува преку убод од крлеж и според тоа е сличен на другите вируси кои се пренесуваат на ист начин, како што е, на пример, „Heartland virus“. Бурбон има слични почетни симптоми како и „HRTV“, а тоа се грозница, замор и недостаток на апетит.

Вирусот може да се препознае според овие симптоми или со лабораториска анализа на крв. По структурата е сличен со некои вируси од Источна Европа, Африка и Азија, но засега, несреќниот жител на Канзас е единствениот човек кој бил погоден од вирусот. Не е познато дали е секогаш смртоносен.

Лекарите се загрижени дека би можеле да се појават нови случаи од оваа болест, а можно е меѓу пациентите во болницата во која лежел да има случаи на болеста.

“Вирусот веројатно постои веќе некое време, но пред некое време успеавме да го изолираме и идентификуваме”, вели доктор Дејна Хокинсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП