7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува iPhone 6 со помал формат?

Пристигнува iPhone 6 со помал формат?

aplle

Американската компанија „Apple“ планира до 2015-та година да лансира на пазарот „iPhone 6“ со помал формат.

Новиот уред би требало да биде понуден по конкурентна цена од неговите два претходници и да има екран со дијагонала од четири инчи, беше објавено на интернет страната „AppleInsider“.

„Apple“ го одложи продорот во сегментот на уреди со голем екран, затоа што поранешниот претседател на компанијата, Стив Џобс, сметаше дека смартфонот треба да се држи во една рака и прогнозираше дека никој веќе нема да купи голем телефон.

Новиот „iPhone 6“ пред се би требало да му овозможи на „Apple“ да ја балансира понудата.

„Apple“ би требало да прекине со производството на телефонот „iPhone 5C“ на средината на 2015-та, кој е претставен како уред од новата генерација, чија продажба беше многу разочарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП