21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случи со јужноамериканскиот гигант?

Што се случи со јужноамериканскиот гигант?

brazil1

Централната банка на Бразил во последниот квартален извештај ја намали прогнозата за економскиот раст за оваа година на 0,2 проценти од 0,7 проценти.

Бразилската централна банка пред шест месеци прогнозираше дека овогодишниот економски раст ќе биде 1,6 проценти.

Пазарните аналитичари предвидуваат дека бразилскиот бруто домашен производ во 2014 година ќе изнесува 0,1 проценти, пренесува весникот Фигаро.

Бразилската влада на почетокот на декември ја намали прогнозата за раст на БДП за наредната година од два на 0,8 проценти, а за оваа година од 0,9 на 0,5 проценти.

Седмата економија во светот, Бразил, четврта година по ред бележи умерен економски раст. По економскиот бум во 2010 година, економијата на јужноамериканскиот гигант имаше раст од 2,7 проценти, во 2012 еден процент, а во 2013 година 2,5 проценти.

Овогодишната инфлација, според најновата прогноза на бразилската централна банка ќе изнесува 6,4 проценти, што е нешто над септемвриската проекција од 6,3 проценти.

Во 2015 година централната банка на Бразил очекува инфлација од 6,1 проценти, што е над прогнозите од септември од 5,8 проценти, додека за 2016 година предвидува нејзино намалување на 4,9 проценти. Владата, сепак, има за цел инфлацијата да ја намали на 4,5 проценти.

Пазарните аналитилари за прв пат пред неколку денови предвидоа раст на инфлацијата во Бразил во 2015 година, раст кој ја надминува границата на прифатливост од 6,5 проценти. Нивните очекувања се 6,54 проценти.

Во текот на последните четири години, растот на инфлацијата во Бразил ја загрижува владата. Растот на инфлацијата во 2011 година изнесувал 6,5 проценти, една година подоцна 5,8 проценти, а во 2013 година 5,9 проценти.

На почетокот на декември, бразилската централна банка, за да го намали расот на инфлацијата, ја зголеми референтната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 11,5 проценти, надминувајќи ги очекувањата на повеќето аналитичари кои предвидуваа зголемување од 0,25 проценттни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП