27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд 1 јануари ново работно време на даночните одделенија на УЈП

Од 1 јануари ново работно време на даночните одделенија на УЈП

salteri-ujp

Даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија од 1 јануари во работните денови ќе работат со продолжено работно време до 18 часот и до 14 часот во сабота.

Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму поотсетуваат дека продолженото работно време за регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1 октомври годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП