17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБакрачески: „Костал“ ќе донесе економско заживување на Охрид

Бакрачески: „Костал“ ќе донесе економско заживување на Охрид

nikola-bakraceski222

Инвестицијата на „Костал“ е уште една потврда на нашите приоритетни определби и силни напори, и како Влада и како локална самоуправа, да чекориме по патот што го трасиравме од добивањето на мандатот од граѓаните ­ за стопанско заживување на Охрид, подигање на локалната економија, креирање нови работни места и сигурно подигање на стандардот на живеење, рече денеска градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

„Успеваме. По „ОДВ Електрик“, како што ветивме, и „Костал“ конечно доаѓа во Охрид. Оваа компанија­гигант е водечки извозник на технолошко­напредни производи од електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Располага со 38 капацитети во 17 земји на четири континенти и глобално вработува дури 15 илјади луѓе“, посочи Бакрачески на прес­конференција.

Според него, „ОДВ ­ Електрик“ и „Костал“ се најдобра потврда за грижата и посветеноста на локалната самоуправа за заживување на Охрид, како и за сериозната економска политика што се води.

„И двете инвестиции на два силни гиганта од Германија кои ќе отворат над 2.000 нови работни места, повеќе од очигледно ветуваат сериозно стопанско воздигнување на Охрид по долгиот 23­годишен период на дезинтеграција на стопанско­индустрискиот систем во кој со ретки исклучоци на рестартирање, беа затворени буквално сите производствени и стопански капацитети, а илјадници граѓани останаа без работа и можност за егзистенција“, напомена градоначалникот.

Инвестицискиот план на „Костал“, додаде, се поклопува со локалната стратегија за економски раст и развој на градот.

„Во фабриката наредните 2­3 години етапно, се очекува да бидат работно ангажирани над 1.000 работници и стручен кадар од разни профили. Индиректно, преку создавање мрежа од локални компании ­ кооперанти и фирми добавувачи, се отвора сериозна можност бројот на вработувања да биде многу поголем. Намерата на „Костал“ е да ги искористи сите сродни локални капацитети и вештини за да ги задоволи потребите за успех. Во почетокот на 2015-та година почнува како браунфилд инвестиција, а по две години ќе се трансформира во целосна гринфилд во ТИРЗ Охрид­ Струга“, рече Бакрачески.

Според него, тоа не е се. Вработувањата во Охрид веројатно ќе бележат нагорна линија, земајќи ја предвид моментната заинтересираност на уште една до две компании од областа на производство на трансформатори и далноводи, за рестартирање на делови од ЕМО.

„Реализацијата на проектот за изградба на индустриска развојна зона во „Мауцхер“ за која интерес пројавија неколку локални успешни компании, е факт кој треба сите да не радува и буди надеж дека Охрид сепак ќе биде место кое отвора широки можности за егзистенција на населението и запирање на трендот на иселување од градот“, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП