17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на СКСЗМ Кучи на средба со косовскиот премиер Мустафа

Претседателот на СКСЗМ Кучи на средба со косовскиот премиер Мустафа

menderes-kuchi-640x320-480x240

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) Мендерес Кучи денеска, на состанок со косовскиот премиер Иса Мустафа, ги презентираше очекувањата на бизнисмените во однос на застојот во трговската размена и општата соработка меѓу Македонија и Косово во делот на инфраструктурата и слободниот проток на стока и луѓе.

Кучи, кој беше дел од повеќечлената делегација заедно со претседателот на СКБ Агим Шахини, претседателот на Сојузот на стопански сомори на Албанија Илир Жила, градачалниците на Прешево и Бујановци, Рагми Мустафа и Нагип Арифи, претседателот на бизнис клубот на Тивар Јакуп Ѓелишеви, претседателот на бизнис клубот од Улцин Селатин Ѓелоши, претседателот на СААБ Енвер Фаризи, како и амбасадорот на Балканот за ИХРЦ Хамза Мерџани, ја акцентира позитивната бизнис клима што ја негуваат двете земји.

Како што соопшти СКСЗМ, и претставниците од Албанија го охрабрија Мустафа да спроведува политики за јакнење на производниот и земјоделскиот сектор, додека претставниците од Прешевската долина ги потенцираа тешкотиите со кои се соочуваат бизнисите од овој регион.

Тие истовремено изразија задоволство што овој пат владата ќе биде предводена од економист кој ќе знае да ги унапреди добрите односи.

Амбасадорот на ИХРЦ Мерџани изрази подготвеност да лобира, како за признавањето на Косово од страна на земјите кои уште не го направиле тоа, така и за привлекување странски инвеститори.

Премиерот Мустафа кој го одржува овој состанок веднаш по преземањето на функцијата во новата влада на Косово, посебен акцент стави на владината агенда која, како што рече, посебно го таргетира приватниот сектор, имајќи предвид дека бизнисот е катализатор на растот и развојот на земјата. Преку ваквите состаноци, оцени, се детектираат проблемите и слабостите со кои се соочуваат бизнисите поради што средби од овој вид ќе има почесто во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП