19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо текот на празничната сезона најмногу работат Кинезите, а најмалку Русите

Во текот на празничната сезона најмногу работат Кинезите, а најмалку Русите

item0.rendition.slideshowWideHorizontal.kuala-lumpur-malaysia-new-years-fireworks-dashuki-mohd-getty

Работниците во целиот свет во текот на божиќните и новогодишни празници имаат неработни денови, но нивниот број, како и останатите празнични обичаи и традиција, се разликува од земја до земја.

Најмногу слободни денови имаат Русите, додека за празниците најмногу работат Кинезите. Во повеќето европски земји доминантна религија е Христијанството, без оглед дали станува збор за катлици, православни или протестанти, така што во наредниот период се четирите клучни датуми – католичкиот и протестантскиот Божиќ, кој се слави денес, Нова година – празник во секоја држава, Богојавление на 6 јануари и православниот Божиќ еден ден подоцна.

Во одделни земји покрај овие се слават и денови на светителите, а некои држави имаат и секуларни празници поврзани со прославите на годишната револуција или прогласувањето на независност, пишува британскиот весник Гардијан.

Најмногу слободни денови во текот на овие две недели ќе имаат Русите. Тие ја спојуваат Нова година и ден по православниот Божиќ, така што нема да работат осум дена.

Седум неработни денови имаат во Ерменија и Лихтенштајн. Жителите во повеќето држави во Западна Европа слават Божиќ, еден ден по Божиќ и Нова година.

Во некои земји бројот на неработни денови се разликува од регион до регион. Така во Германија, Богојавление како неработен ден го слават во Баварија, Бадем-Виртемберг, и Саксонија-Анхалт. Слично и во Шпанија, Франција и Швајцарија. Шкотска исто така добива еден ден повеќе од остатокот во Велика Британија, па не работи ниту на 2. јануари.

Надвор од Европа, најмногу неработни денови имаат жителите на Нов Зеланд – четири и Австралија три дена. По два слободни денови имаат САД, Канада, Бразил и Јапонија во кои Божиќ не се слави како празник, а Кинезите не работат само еден ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП