13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСите збиднувања во Скопје на едно место

Сите збиднувања во Скопје на едно место

skopje info

Информации за сите случувања во Скопје оние намерници кои сакаат да дојдат да го посетат главниот град од денеска им е достапна на едно место преку веб страницата „visitskopje.mk“.

На страницата преку пет линкови можат да добијат информации за културните случувања во градот, забавата што се нуди, ноќниот живот, каде може да одат на шопинг, како и за тоа каде може да престојуваат и да преноќат.

Проект менаџерите посочуваат дека идејата е да направат поголема промоција на градот, особено во овој период пред новогодишните празници. На почетокот пред се на регионално ниво и да ги привлечат посетителите со случувањата што се најавени, а за што ќе биде објавено на страницата, но целта е таа да се претстави особено во земјите и градовите со кои Скопје е поврзан со авионска линија преку нискобуџетните компании.

Веб страница е наменета пред се за странските кои доаѓаат во Македонија, а целта е преку неа да се зголеми бројот на туристи, да се отворат нови работни места, што пак ќе влијае на економијата.

Целна група се лица на возраст од 18 до 30 години. Проект менаџерите сметаат дека резултати ќе има за три месеци, а најавуваат дека ќе ја надградуваат веб страницата и со интерактивни содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП